Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста, рече дека е загрижен поради здравствената состојба на неговиот клиент, бидејќи 15 дена по препорака на специјалистите, е со нефункционален и задбелен бубрег и има темна мокрача и столица.

 

„Јовановски мокри крв и има крвава столица и не може самостојно да се движи“, рече адвокатот Дуковски.

 

Адвокатот појасни дека сето ова се должи на хируршката интервенција на Јовановски пред да биде уапсен, кога поради проблеми со тежината, го стеснил желудникот и му бил подврзан со тенкото црево.

 

Од 15 јули кога бил уапсен и притворен Боки 13 бил 30 пати однесен во болница поради компликации со здравствената состојба. Вина, како што рече, немаат судот и затворот, туку затворскиот лекар кој не ги почитувал напатствијата на клиниката и болницата.

 

„Не бараме милост. Тој е граѓанин и како и сите други, заслужува нега. Не е ова инквизиција. Не е ова 15 век, туку ова е модерна кривична постапка“, кажа адвокатот пред новинарите.

 

Дуковски кажа дека Јовановски бил омаловажуван поради неговата сексуална ориентација и тоа од медицинари: "Јовановски можел да ги чуе медицинарите како велат, што ако умре, нека умре педерот. Каде е ЛГБТ заедницата? Каде се невладините организации?".

 

Адвокатот на Боки 13, рече дека не може да ја гради одбраната за неговиот клиент затоа што постојано разговараат за неговата здравствена состојба и размислувал да му го откаже полномоштвото.

 

За Боки 13 немало место за хоспитализација на Клиниката за торакална хирургија.

 

Дуковски рече дека Боки 13 повраќал и колабирал пред обвинителката Вилма Русковска, но и покрај тоа, таа дала негативно мислење за поблага мерка за неговиот клиент.

 

Првото судење за Јовановски е закажано за 3 декември. Според обвинението, од ноември 2018 година до април 2019 година обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, го искористил пријателството со шефицата на СЈО, Катица Јанева, и ѝ влијаел да го извади од притвор осомничениот бизнисмен Орце Камчев, во предметот „Империја“.

Јанева му ја олеснила положбата во истрагата на Камчев, па предложила да му се укине притворот и да му се определи поблага мерка, куќен притвор, при постоење на неизменети околности.

Во натамошниот тек на постапката Јанева планирала да му даде својство на заштитен сведок и да ја запре истражната постапка, или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела, Камчев да плати незначителен износ на штета и да му се врати пасошот.

Обвинетиот Зоран Милевски постојано договарал средби меѓу Бојан Јовановски и брачната двојка Орце и Ана Камчеви, а за возврат за посредувањето примиле награда од од 1.5 милион евра во различни апоени, и тоа од Ана Камчева пола милион евра, а од Орце Камчев, 1 милион евра.

Јанева ова го прифатила и за себе прибавила значителна имотна корист и тоа предмети, мебел во износ од приближно пет илјади евра, кој за неа го набавил Боки 13 и од 50.000 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.