Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголеми пензиите за 700 денари, туку напротив, ги намалија за 400 денари, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски врз основа на компаративна анализа што ја направила партијата.

 

„Доколку не се случеше бришење на членот во законот за исплата на пензиите со важност од 01.01 2019 година, пензионерите во периодот од 01.01.2019 заклучно со 31.12.2020 година ќе имаа за 1.100 денари повисока пензија споредено со пензијата која што ќе ја примаат од 01.01.2020 доколку под услов оние ветени 700 денари бидат исплатени, или 400 денари помалку“, рече Мицкоски.

 

Според него, ако се земат предвид трошоците за живот, зголемувањето на просечната плата и куповната моќ на граѓаните, произлегува дека за 2019 година секој пензионер ќе загуби по 6.900 денари, а во наредната година пензионерите ќе загубат по 5.972 денари.

 

„Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемува пензиите туку напротив со бришење на законот и интервенирање во законот каде што се нивелираат пензиите со порастот на просек плата тие ги намалуваат пензиите. Ќе го повикам секој еден пензионер во Македонија да не верува во ниските страсти, измамите и погрешните политики на Зоран Заев и владата. Тоа е политика на клиентилизам која со многу помалку од тоа што природно и законски ви следува сакаат да го добијат вашиот глас да го корумпираат со невистини и сеење на магла“, им порача Мицкоски на пензионерите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.