Судијката Димишкова на распит кај Русковска

Весна Димишкова, судијката од кривичниот суд во Скопје, од утрово е во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Нема информации за што е повикана судијката во Обвинителството, но неофицијално, поканата е за истрагата за случајот „Рекет“.

 

Нејзиното име го спомна обвинетиот Бојан Јовановски во снимката што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“. Јовановски во снимката на Камчев му рече дека треба да се почека Димишкова да видат „што ќе напраи до среда“.

 

„Боки, ти ми кажа со Катица да пуштам барање за четврток. Ти ми кажа дека судијката ќе биде отсутна дента, дека ќе биде Реџепагиќ, да те цитирам шо зборевме ја и ти“, му рече Камчев на Јовановски.

 

Медиумите веќе објавија дека во записникот од пријавата за Камчев се споменуваат судијката Димишкова и нејзиниот брат Васил Димишков.

 

Димишкова беше судијката што на Катица Јанева ѝ даде наредба за влез во УБК, за истрагата со прислушувањето и која ја потпиша наредбата за претрес во станот на сега покојниот Коста Крпач.

 

Таа е избрана за судија од 2004 година и го судеше предметот со кокаинот откриен во канти со поликолор за кој беше обвинета Станислава Чочороска-Полетан и предметот против Панде Лазаров, ексдиректорот на поранешното ЕСМ, за поткуп од кинеска компанија за изградбата на „Козјак“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.