Арсовски: Од Владата биле префрлени пари на сметката на Јанева 10 дена пред апсењето

Преку Владата на лична сметка на Катица Јанева се префрлале пари во висина и до 600 евра, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски и нагласи дека последната исплата била направена 10 дена пред апсењето на специјалната обвинителка.

 

„Замислете Катица Јанева примила пари на лична сметка од Владата на СДСМ и тоа по основ за учество во Советот за реформи и тоа не било единстена исплата. Имало исплати и неколку години претходно. Ако се земе во предвид дека веќе ја имаше депонирано својата оставка Катица Јанева од СЈО во тој период, која е причината за исплатата на овие средства на личната сметка на Катица Јанева од страна на Владата каде што премиер е Заев во сред случајот Рекет?“, праша Арсовски.

 

Тој рече дека Катица Јанева по разни основи од СЈО за 4 години има заработено над 340.000 евра, а другите обвинители во СЈО имаат инкасирано помеѓу 270.000 и 290.000 евра за 4 години.

 

Тој порача дека Јанева треба да ги врати парите што ги примила од Владата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.