Мицкоски: Нивната забеганост од реалноста потсетува на транзицијата кога луѓето преку ноќ остануваа без работа

Јас сум убеден во историски најголемата понуда бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија “ ја формираше најголемата, историски најголемата коалиција во независна и суверена Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот. Јас сум убеден на 12-ти април дека таа коалиција ќе биде победничка, а победата на тој ден ќе биде историска бидејќи тогаш ќе започне третата вистинска револуција за Македонија која што ќе трае и во иднина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кочани.

 

 

„Тешко е денешното секојдневие, тешка е денешната реалност во Македонија. Ако ги иземеме Зоран Заев и неколкумина негови обожаватели како што се да речеме Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и малкумина околу нив кои што денеска уживаат во привилегиите на власта, во сето она кое што им е овозможено благодарение на макотрпната работа на нашите сограѓани, сето останато денеска тешко живее, буквално крај со крај врзуваат нашите сограѓани.

 

Па и оттука е нивната забеганост, одлепеност од реалноста е толку голема што потсетува на оние времиња од транизицијата кога нашите родители, нашите баби и дедовци практично остануваа без работа преку ноќ, бидејќи овие тогашни новопечени црвени буржуи кои што ја предводена реформираната комунистичка партија и се претставуваа како СДСМ го заграбуваа сето она кое што народот макотрпно го печалел.

Истото е и денеска, само денеска не се вика транзиција туку се нарекува „Рекет“. Популарно наречено „Рекет“, рекетирање на секој чекор, на секое ниво, без разлика дали е локална самоуправа каде што имаме градоначалници кои што се од редовите на СДСМ или пак зборуваме на централно ниво каде што имаме министри, заменици, директори, функционери кои што се предложени од СДСМ.

Зоран Заев со онаа министерка галена, наречена Мила Цароска ќе излезат и ќе речат безсрамно ќе го лажат пензионерот, еве од први јануари ние ќе ви ги покачиме пензиите за 700 денари, оние што ви ги земавме во 2019-тата, оние пензии кои што ви следуваа во 2019-тата сега ќе ви ги покачиме и ние сме добрите, а овие Вмровците тие се лошите тие биле против пензионерите.

Само невистини, само лаги и неговорење на вистината пред луѓето. Но младите знаат да ценат. Знаат да го вреднуваат сето она кое што во минатото беше направено и она што ќе го понуди во новата програма ВМРО-ДПМНЕ. И сето тоа громогласно ќе го кажат на 12-ти април 2020-тата со огромна поддршка за обновата на Македонија и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што знаат да прават разлика. Ќе ве потсетам, ветуваа дека немало да има мир затоа што немало правда. Се сеќавате на оние обоени револуционери кои што бесрамно шетаа по улиците и се обидуваа на насилен начин, легитимна Влада да урнат. Се сеќавате на тие бесрамници.

Од толку очекуваното и најавувано Специјално јавно обвинителство кое што требаше да биде лулката, колевката на правдината, бескомпромисен борец за правото и правдината се претвори во дувло на криминал и корупција, која што му била алатка и на располагање на Зоран Заев со ваши пари. Седум милиони евра годишно се трошени пари таму. Седум милиони евра се трошени пари за да можат да летаат хонорари по 150, 170 илјади евра, во обвинителите. За да можат да имаат месечни примања по пет и пол, шест и пол илјади евра, додека народот гладува, додека народот едвај крај со крај врзува од први до први.

 

Да може да корумпираат директно или индиректно судии, да вработуваат внуци, ќерки соседи на судии за да можат да носат пресуди како онаа која што ја донесоа оние судии за случајот “Поткуп“, каде што цела нација, цел народ, сите граѓани гледаа како Зоран Заев бараше евро за брат му, евро за црквата. А вие тоа не сте го гледале, бие тоа не сте го слушале затоа што преку СЈО се корумпираа тие луѓе.

 

Се корумпираа новинари да пишуваат текстови со ловорики за Зоран Заев и тие малкумина околу него. Се корумпираа адвокати, се корумпираа креатори на мислење да пишуваат лажни колумни. Сето она кое што требаше да биде лулка и колевка за правдата, сето она кое што требаше да биде безкомпромисен борец за правото и правдината преку ноќ, како една голема тажна слика која што разочара многу наши сограѓани кои што тогаш поверуваа дека навистина е дојден денот кога правдината и правото ќе владеат со Македонија. Но за жал, сето тоа беше една алатка на Зоран Заев за да врши притисок, за да уценува политичари, да рекетира бизнисмени.

А, денеска ќе го видиме како позади завеса се договара со оние остатоци кои што ги направија уставните измени во собранието и сака на мала врата преку Уставен суд да ја реактуелизира аболицијата. А при тоа, виновен да биде ВМРО-ДПМНЕ. Криминалецот има само криминален ум и ништо повеќе од тоа. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.

 

ВМРО-ДПМНЕ е против било каква шверцерска аболиција или помилување на политичари кои што се огрешиле на ваков или таков начин. Но не само на политичари, туку и на секој оној без разлика дали е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ или било која друга политичка партија, а ги прекршил законите, се осрамотил пред граѓаните треба да сноси одговорност и да одговара“ порача Мицкоски од Кочани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.