Ѓорѓиевски: Не го расчистуваат случајот со прислушувањето на ЈО за да можат да ги уценуваат обвинителите

Измина точно една година откако најкорумпираниот и најнеспособен министер во историјата на МВР, Оливер Спасовски вети расчистување на скандалот со прислушуваните телефони на Јавното обвинителство. На први декември минатата година, на спектакуларно најавена прес конференција, Спасовски се обиде да го наклевети ВМРО-ДПМНЕ и побара одговори од претседателот Мицкоски, соопшти Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Ова е насловот од неговата прес конференција објавена на веб страната ма МВР, која гласи: За скандалот со снимањето, одговорност ќе има! Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја инсталирал и кој ја користел. Од тогаш помина точно една година. Ниту одговорност има, ниту се знае кој ја нарачал опремата, ниту кој ја инсталирал, а уште помалку кој ја користел.

 

Целата прес конференција се сведе на една голема лага. Спасовски ги гледа во очи граѓаните и ги лаже. Исто како и неговиот шеф Зоран Заев. За причините зошто од истрагата и од ветеното расчистување на случајот нема ништо, постојат две претпоставки. Првата е дека се тотално неспособни и свесно лажеле, а втората е дека се инволвирани до гуша и во овој криминал па го прикриваат свесно.

 

Двете претпоставки личат на Спасовски, но првата е помалку веројатна бидејќи во МВР има професионалци кои за неколку дена ќе утврдеа кој ги прислушувал обвинителите. Доколку тоа не може да се утврди, подобро е да ја распуштиме целосно полицијата. Затоа втората варијанта е поверојатна. Некому му одговара да ги снима и да ги уценува обвинителите. Затоа не се дозволува расчистување на овој случај.

 

Да потсетиме дека токму Спасовски тврдеше дека обвинителите биле цела година слушани и снимани. Што има на тие материјали и кој располага со нив? Дали можеби нелегално стекнатите прислушувани материјали се причината за несериозното постапување на Јовевски и Русковска во случаите „Рекет“, „Вирус“, Рашковски, крвавите тендери и сите останати криминални афери кои ја тресеа македонската јавност изминативе 3 години, а во кои се вмешани високи функционери на СДСМ и на власта?

 

Македонија повторно ќе биде правна држава, а наместо криминалот и анархијата по македонските улици ќе се врати правдата, мирот и безбедноста. Ќе одговараат сите до еден, кои учествуваа и прикриваа криминал изминативе години“ порача Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.