Николовски: Не го слушнавме Заев да каже мислење за аболицијата, зошто тој е творецот на иницијативата

Како дел од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, пред граѓаните на општина Аеродром, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е против амнестија на било кого, кој што сторил криминал.

 

„Дали е тоа автентично толкување, дали е тоа друга форма, дали се законски измени. Сето она што ќе спречи амнестија на било кој којшто сторил криминал ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. Во однос на стручниот дел, добро да си ја разгледаат од СДСМ иницијативата затоа што има некои грешки таму, добро е да ја поправат ако не го направиле тоа намерно за да не се случи утре иницијативата да падне и да е уште една во овие низа на активности поврзани со практично отворањето на теми кои што изгледаат симпатично во јавност, а позади нив има апсолутен договор.

 

Она што е факт е дека ние не го слушнавме Зоран Заев да каже што мисли по однос на ова прашање. Одговорот е многу јасно зошто не го слушнавме, затоа што тој е идејниот творец и авторот на оваа иницијатива. Никој не е наивен дека после 3 ипол години случајно на Уставниот суд му текнало од фијока да ја извади баш оваа иницијатива и да ја стави баш сега на дневен ред во исто време истиот подносител има уште три други иницијативи кои што ете Уставниот суд не решава да ги стави на дневен ред. Понатака во овие сценарија кои што се создаваат кои што се од некои минати времиња да не употребам потешки зборови се обидува од една страна да се намири со оној со којшто се прават непринципиелни коалиции, а видовме дека во државава постои непринципиелна крими коалиција и од страна да се претстави дека тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема да помине, тоа е обезличено и ВМРО-ДПМНЕ е против амнестија на било кој што сторил криминал и ќе ги поддржи сите форми тоа да не се случи“ вели Николовски.

 

Во врска со патните трошоци на пратениците, меѓу кои е споменато и името на Николовски, за времето кога тој беше пратеник, вели дека е свесен оти од СДСМ ќе му вадат нему и на други членови на ВМРО-ДПМНЕ, црни дамки за да се заташкаат актуелните теми.

 

„Собранието објавуваше годишни извештаи во кои што моето име го немаше на врвот, а исто така тоа што е непријатно и е манипулација, јас во подолг временски период, сите знаат дека имав интензивна меѓународна активност во која што меѓународна активност имав чести патувања и сето тоа влегува во една ставка. И кога ќе го ставите во една ставка изгледа како што изгледа, но кога ќе го расчлените изгледа многу поразлично од тоа што се обидува да се направи во јавноста . Имаме теми кои што се сега актуелни и јас сум свесен дека и на мене и на раководството на партијата ќе се обидат да ни ставаат црни дамки, тие црни дамки не поминуваат затоа што времето ги докажало дека не се такви и тие црни дамки не можат да ги исклучат аферите кои што во моментов се случуваат“ рече Николовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.