Мицкоски: Ќе поднесеме закон за потекло на имот на политичари, еве прво нека ме проверат мене

„Македонија има сериозен проблем со криминалните структури во правосудниот систем. Состојбите се алармантни. Во услови кога имате криминална влада, портите за корупцијата и инструираните одлуки во обвинителството и судството се широко отворени. И тоа не е проблем кој застанува во правосудните лавиринти, судството и обвинителството, тоа е проблем кој е создаден и потхрануван од Владата и Зоран Заев.

Зоран Заев, кој за овие три години не направи ништо за да смени нешто во овој корумпиран систем. Ако некој се прашува зошто е тоа така, треба да знае дека Зоран Заев лично е пречката за правдата во Македонија“, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него,  „преку аферата Кеш гледаме дека правосудниот систем, особено СЈО било претворено во алатка на Зоран  Заев и власта за спроведување на политичка агенда, место каде биле вдомени партиски кадри, блиски роднини на судии, обвинители, политичари, дебело платени со парите на граѓаните. Онаа неколкугодишна претстава на СЈО, оние спектакли без правен крај, оние престави на самопрогласените Чарлиеви ангели чии усти беа преполни со зборовите Устав и закони, гледаме дека најмалку се бореле за правда, туку за прогон, но пред сè за заштита на криминалот. И не се жалело пари за тоа“.

„Десетици илјади евра, неколкупати повеќе од основната плата, која, пак, исто така се брои во неколку илјади евра и е далеку повисока од која било друга државна плата, без контрола биле плаќани во форма на награди и паушали. Па затоа во изминатиов период читавме провладини пера, гледавме платеници кои ја бранеа Катица и СЈО, го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ, мене, а ја бранеа Власта и Зоран Заев. Гледаме како тоа СЈО си имала и приватна полиција платена со народни пари, преку началникот на 'алфите'. Гледаме како и ќерките, синовите, внуците  на судиите, обвинителите, зеле покрај платата и паушали во илјадници евра. Речиси немало вработен кој не е таму по пат на непотизам, или по партиски клуч да му служи на Зоран Заев и СДСМ. И наместо правда, добивме рекет, наместо правна разрешница, добивме изигрување на процедурите, наместо независност, добивме партизираност, наместо заштита, добивме атак врз словото на Уставот и законите“, додаде Мицкоски..

„Уште во јули побарав истрага за работата на обвинителите, а тоа од власта беше лажно интерпретирано како обид да се спречи правдата. Денес кога гледаме дека нема никаква правда од овие обвинители, Заев за да одбегне одговорност за состојбите, и тој бара истрага. И навистина е лицемерно  Заев да излегува со видеообраќање на кое повикува прочистување на нечесни судии и обвинители, кои, пак, се хранат од неговата рака како што се гледа преку аферата 'Кеш'. Не е само проблемот што има судии и обвинители кои се корумпирани, туку што Заев е браната да се стигне до откривање на тој криминал.

Аферата 'Кеш' покажува колку само ни е гнил правосудниот систем кој е ставен во функција да им служи на власта и интересите на Зоран Заев. Добивме политичари кои се над државата, со преку ноќ стекнат имот кој се брои во милиони евра, и обвинители и судии кои без основа зеле државни пари, а не носеле правда и заштитувале неправда“, ддаде тој.

ВМРО-ДПМНЕ бара итна, неодложна и сеопфатна истрага за аферата 'Кеш', пред сè истрага за работата на обвинителите од поранешното СЈО, но и другите обвинители од редовното обвинителство и судии кои не постапуваат или молчат пред евидентната лавина на скандали и афери.

„Истрага и за начинот на кој се доделувале и злоупотребувале народните пари. И зошто се молчи за десетици афери. Таа истрага треба да биде и под силна лупа на Европската Унија и меѓународните сојузници, со оглед на фактот на високиот степен на инкриминираност на власта во овие процеси. Второ, согласно Уставот ќе продолжиме закон со кој ќе се овозможи проверка на потекло на имот на судии, обвинители, политичари носители на јавни функции. Да го испитаме потеклото на имотот на политичарите, и оние кои несразмерно се обогатија на грбот на народот, не само  да одговараат со казни, туку да го вратат украденото од народот во буџетот на Македонија, согласно Уставот. Мора да се врати одземеното на народот. Никој во оваа држава не смее да заштитува криминал, а криминалците да се чувствуваат заштитени. Еве јас ќе ги повикам институциите прв да ме проверат мене и моето семејство, но на иста таква проверка да подложи и Заев, министрите, директорите, судиите, обвинителите. Сè што има индиции за нечесно стекнат имот да биде вратено кај народот.Само така ќе добиеме правда. Ако ова не биде прифатено од страна на Владата и Заев, овие две одлуки ќе бидат реализирани во првите сто дена од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, по предвремените парламентарни избори на 12 април“, рече Мицкоски.

ва на СЈО, оние спектакли без правен крај, оние престави на самопрогласените Чарлиеви ангели чии усти беа преполни со зборовите Устав и закони, гледаме дека најмалку се бореле за правда, туку за прогон, но пред сè за заштита на криминалот. И не се жалело пари за тоа“.

Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.