Дали ќе падне првиот снег? Од утре заладување и снег

Утре под влијание на влажен бран, ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

 

Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.