Исклучени телефоните во СЈО

Како опомена поради неплатен долг, телекомуникциски оператор им ги исклучи службените телефони на обвинителите, стручните соработници и другите вработени во специјалното јавно обвинителство.

 

Информацијата ја потврдија вработени кои велат дека ова е логичен епилог на настаните бидејќи се натрупале долгови за три месеци. Тие се достапни само во еден правец како предупредување пред целосно да им бидат исклучени телефонските линии.

 

Освен за телефоните, вработените стравуваат дека натрупаните сметки за струја, вода и парно за септември, октомври и ноември можат да ја остават институцијата без основни услови за работа.

 

Стотина вработени, меѓу кои стручни соработници и помошен персонал, не зеле плата за септември и октомври, а од месецов го губат и правото на здравствено осигурување. Во зградата на СЈО сè уште се чуваат бомбите и предметите што ги отвори ова обвинителство.

 

Проблемот е што нема овластен потписник на сите документи и списи кои излегуваат од СЈО, по разрешувањето на обвинетата ексшефица на институцијата Катица Јанева.

 

Пред повеќе од 2 месеца во Собранието се поднесени, но закочени измените на Законот за јавнообвинителска служба. Претседателот Талат Џафери досега не го стави овој закон на дневен ред. Со измената за преземање на службениците од СЈО, републичкиот јавен обвинител има право да ги прераспореди во обвинителствата зависно од потребите, а оние лица кои со договор дошле од други институции да се вратат назад. За изгласување на Законот се потребни 61 пратеник.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.