ВМРО-ДПМНЕ : Баба Перса му ја кажа вистината на Заев во очи

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт. Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Според партијата, „не му завршија работа провладините телевизии и пропагандата платени со рекетирањето на СЈО. Баба Перса му ја кажа вистината во очи, иако се обиде да ја спречи и наклевети во негов стил. Граѓаните повеќе не се плашат. Оваа власт потроши три години од нивните животи и не направи ништо за нив и за државата.

 

Додека Заев и неговите ја раскрчмуваат државата и делат милионски тендери, граѓаните газат по кал и немаат водовод и канализација.СДСМ ја задолжи државата за над пола милијарда евра, а граѓаните од скопско уште газат во кал.Граѓаните се доказ дека не блескаме. Реалноста која му беше предочена на Зоран Заев е секојдневие за народот, кој не гледа преку розевите наочари на Заеви.На бедата мора да и се стави крај. По 12 април следува работа и обнова на Македонија“, се додава во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.