Конкретни чекори за договорот со Бугарија по изборите, по Нова година средба Заев - Борисов

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов вчерашната куса средба на носачот на авиони „Хари С. Труман“ ја искористите да си закажат нова средба, по Нова година на која ќе се обидат да најдат решение за напредок за блокираните преговори за историските прашања, брифираат извори од Влада.

 

На последниот состанок Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не најде решение за средниот век во учебниците и за чествувањето на Гоце Делчев.

 

„Ќерката на премиерот студира во Софија. Тој планира да ја посети, а посетата ќе ја искористи и за средба со премиерот Бојко Борисов. Тој повеќе нема да е премиер, но на средбата ќе оди како политичар. На средбата е можно да дојде и министерот Никола Димитров, а планот е да поразговараат како во иднина да го одблокираат процесот на преговори. Конкретни чекори ќе има по изборите оти не е пожелно за време на избори да се решаваат вакви прашања“, велат од Владата.

 

Преговорите се во ќор-сокак, како што велат од Владата, поради тоа што сите сакаат од овие преговори да излезат како победници, посебно по прашањето за Гоце Делчев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.