Кадиев: Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, по судењето за случајот „Рекет“, изјави дека имало неконзистентност во изјавите и потврди дека на неговата клиентка ѝ оди во прилог тоа што сведоците рекле оти таа не барала пари.

 

„Ни оди во прилог тоа што сведоците велат дека Јанева не барала пари“ рече Кадиев.

 

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, по рочиштето за „Рекет", рече дека сведоците на Обвинителството на денешното судење дале контрадикторни изјави.

 

"Има неверојтни контрадикторности во изјавите", рече Дуковски. На дополнително прашање на новинарите дека во обвинението пишува за рекет од 1,5 милион евра, а во судницата се спомнуваат само 710 илјади евра и 350 илјади евра, рече дека тоа е најмалата контрадикторност.

 

Следното рочиште за „Рекет" е закажано за 25 декември кога треба да сведочат Зоранчо Митровски, Томе Главчев и Влатко Бошков.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.