МВР со апел до граѓаните - пријавете продавачи на петарди

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонскиот број 192.

 

Од МВР потсетуваат дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик.

 

„Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Одделенијата за превенција при Секторите за внатрешни работи спроведуваат кампањи, изработуваат флаери и плакати и одржуваат различни предавања преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства“, велат од МВР.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.