Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на познатиот бизнисмен, кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев.

 

Тој додава дека во неа имало ЈПС, а била шетана и надвор од Македонија. Истиот глас ги споменува и Врховниот суд и извесен Јово.

 

„Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти… Не нè пуштија они. Што зборите вие?“

 

„Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав… Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак, освен кад ме позвала тужитељица. Молим те уради да га шта пре позове, да каз.. све како што си му рекао. Велики поздрав њега, велики поздрав“, вели гласот кој личи на оној на сведокот во „Рекет“.

 

Во снимките се слуша како со иронија се коментира дека снимките излегле од кај некоја „нова Вилма во Обвинителството“ која е поврзана со Мицкоски.

 

„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“, се слуша во објавените записи.

 

„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш,е  друга приказната“, по што се слуша гласно смеење.

 

Потоа во снимката се коментира моментот кога Бојан Јовановски видел што има во торбата.

 

„Тоа не е сè. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори“, по што повторно следува смеење.

 

Соговорникот прашува: „Добро, Боки, вистина ги однесе парите таму, бе?“, на што следува одговор: „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има ЈПС, сè има. У рачка, у металното. Је*и га“, одговара другата страна, чиј глас личи на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа повторно се слуша прашање: „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој личи на сведокот; „Не знам, куферот не е кај Заев“.

 

„Пишувам, те молам, Зоки, јави се. Не можам друже, во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш, инаку ти ќе одговараш“, вели гласот кој личи на сведокот во „Рекет“.

 

Во два посебни аудиозаписа гласот кој личи на познатиот бизнисмен, кој е сведок во „Рекет“, заедно со други соговорници зборува и за односнот на обвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки 13 со осудениот Зоран Милески-Кичеец. Во еден момент соговорникот вели; „Орце, шокираш, Орце“.

 

„Знаеш колку е исшетан тој куфер, колку е изнасниман?“, се слуша од гласот што личи на сведокот смеејќи се. Од соговорникот добива ново прашање; „Кај идел со тој куфер?“, на што сведокот одговара: „Во Загреб, во Италија, во к**ови, па со Зоки биле во Милано заедно. Абе Зоки се плеска со него, што е работава? Дејан ги фатил како се лижеле. Јас не сум ги видел. Деки ги фатил како се лижеле. Мене ми кажа друг човек, го е**л овој нашиов за 500 евра, 500 евра од е***е. Три пати ако сакаш. Исти к**ац дали е пи**а. Кај се заработуваат 1.500 дневно бе, каде“, вели гласот кој личи на сведокот од „Рекет“, по што соговорниците велат: „Орце, шокираш, Орце“.

 

Разговорот продолжува со гласот кој личи на сведокот во „Рекет“, кој вели: „Факт е дека имало нешто, викаат интимно. Небитно, може. Секој може да биде би, геј, стрејт, секој може да биде различно. За вкусови не се разговара, уствари“.

 

Во две аудиоснимки се споменува извесен Геро, што упатува на тоа дека можеби станува збор за новинарот Бранко Героски, кој прв објавуваше текстови за рекетот што го зел Бојан Јовановски познат како Боки 13. Гласот кој личи на познатиот бизнисмен, кој е сведок во „Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО, вели: „Геро ќе ги пука сите сега“.

 

„Влегуваш во таков хардкор порнич. Богат човек си, си направил услуги на светот, на Запад. Седни изиграј малце, напрај, седни со Христијан, договори се. Свиткај кичма, си свиткал и за името. Сè е договор, да го е**м. Што е ова тепање, крвови да има. Во оваа битка губи, он нема нуклеарка. Он има хеликоптери, од Љубе Бошковски на времето, оние. Тие не стануваат писта. Ова вака од Софија ќе биде, тагау, виу, бам кај Геро. Геро ќе ги пука сите сега. Геро ќе биде“, се слуша во снимките.

 

Во последната објавена снимка се зборува за давање 100 илјади евра на истражител за да даде некакво стикче.

 

„Се знае точно кој ги има сработено. Они кога сè уште ретардирани во институции имаат луѓе… Знаеш ти што значи 100 илјади евра да дадеш на истражител за да ти даде на стикче? 100 илјади евра?“, се слуша на аудиоснимката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.