Мицевски: Владата секоја година си игра со егзистенцијата и чувствата на пазарџиите

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на уште еден циркус приреден од страна на Владата. Овој пат тоа беше повлекувањето на Законот за трговија на зелени пазари.

 

Штетноста на овој закон веќе две години ги држи на нозе незадоволните пазарџии, а Владата секоја година си игра со егзистенцијата и чувствата на пазарџиите, Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Законот за трговија на зелени пазари беше донесен од страна на парламентарното мнозинство во јануари 2018 година по скратена постапка и требаше да се применува од почетокот на 2019 година. Во недостаток на консултации со засегнатите страни односно пазарџиите но и со пензионерите, истиот наиде на негодувања и протести со што примената на законот беше одложена за до почетокот на 2020 година. Ваквото решение беше исклучиво за умилкување од страна на СДСМ за смирување на пазарџиите кои протестираа во пресрет на најавените претседателски избори.

 

Во меѓувреме на 8 ноември оваа година Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог закон за престанување на важност на законот за трговија на зелени пазари и овој закон денес се наоѓа на дневен ред на 123-тата седница на Собранието на Република Македонија. Овој закон го поднесовме бидејќи сакаме најискрено да им помогнеме на пазарџиите односно да се укине законот , а не да се манипулира со оваа група на граѓани во зависност од тоа дали е предизборен период или не, како што тоа го прави Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

 

СДСМ со Законот за трговија на зелени пазари сакаше да им забрани на пензионерите, стечајците и други категории на граѓани да не можат повеќе да продаваат на зелените пазари во Република Македонија. По повторните реакции на пазарџиите и организаторите на пазари за неприменливоста на вака поставено законско решение и под притисок на најавениот генерален штрајк на пазарџиите, СДСМ свесни дека се наоѓаат во предизборен период најавуваат престанок на важност на законот посочувајќи ги причините кои што ВМРО-ДПМНЕ ги говореше уште кога се носеше овој штетен закон.

 

На овој начин СДСМ уште еднаш покажа дека ниту ги интересира да се подобри статусот на пазарџиите, ниту сакаат да им помогнат, туку единствено што ги интересира е како да не претрпат штети на предвремените парламентарни избори. Ги повикуваме пратениците од парламентарното мнпозинство да го подржат Предлог законот поднесен од страна на ВМРО-ДПМНЕ за престанок на важност на законот за трговија на зелени пазари кој што денес е на дневен ред, а не да чекаат ист ваков закон да биде пратен од страна на Владата со што ќе докажат дека се борат за интересите на пазарџиите, а не за спроведување на партиските агенди на СДСМ и ДУИ.

 

Исто така, свесни дека навистина владее хаос во оваа област, бараме да се спроведат длабински анализи, консултации со засегнатите страна и да се направи едно квалитетно и издржливо законско решение кое што нема да има штетни последици по пазарџиите туку решение кое што ќе стави ред и стандарди кои што и доликуваат на една земја која што се стреми да биде дел од европското семејство.

 

Искрено, не веруваме дека СДСМ има капацитет да направи еден ваков квалитетен закон, но среќни сме што оваа сага и циркус кој што ги приредува Владата на СДСМ нема да трае уште долго и дека после 12 април времето на штетни закони ќе заврши“ рече Мицевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.