Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на неговиот адвокат, Димитар Дангов, за обвинението за злоупотреба со превозот на ученици во општинските училишта во Битола во предметот на СЈО „Транспортер“.

 

Талевски одговарајќи на прашањата рече дека тој и неговиот менаџерски тим работеле законски и не му e јасно зошто се обвинети, бидејќи тие дури и се заложиле и ги намалиле цените на превозот на ученици.

 

„Не разбирам зошто сме обвинети, дека сме биле корумпирани и сме правеле штета во буџетот, кога ја гледате нашата тенденција дека бараме начин како да го изреализираме до крај Законот за слободен превоз, на начин за да се намалат цените за превозот на ученици“, рече обвинетиот и појасни дека заедно со соработниците пронашле два за 60-ина проценти.

 

„Цените се понудата. Фиксните точни поединечни цени на релациите. Децата кои ќе се возат и следната година со истото превозно средство ќе се возат по утврдените цени поединечно на релациите. Да, утврдена е вредноста на договорот но не е нумерички утврдена. Утврдена е со начин и метод“ додаде тој.

 

Претходно адвокатот Димитар Дангов го праша Талевски за бомбата која што беше објавена во јавност, алудирајќи на говорот на обвинителката Фатиме Фетаи дека превозот на ученици во Битола бил поскап и од Токио.

 

Судијката Кацарска не го дозволи прашањето по приговорот на обвинителот Трајче Пеливанов, бидејќи како што рече, тоа како содржина го нема во доказите.

 

„Обвинетиот не може да одговори колку чини превозот во Токио…“, кажа Кацарска.

 

Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата почна од почеток. Обвинети се 21 лице за злоупотреби на буџетот со превозот на ученици во Битола.

 

Меѓу обвинетите се ексградоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на средни училишта, како и превозници кои наплаќале двојно повисока цена за превозот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.