Намален прагот на алармирање на РМ10
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Декември 2019
Од МЖСПП преку соопштение информираат дека од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.
Прагот на алармирање е намален во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, се наведува во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс