Манчевски ја започна акцијата за чистење, административците в сабота ќе ја продолжат

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставничката на граѓанското здружение „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ, денеска одржаа прес-конференција на која ги претставија деталите од масовната еколошка акција „Администрацијата чисти со ‘Не биди ѓубре’“, која ќе се одржи во сабота, на 14. декември, со почеток од 12 часот.

 

„Изминатите две недели активно работевме на организација на големата еколошка акција за чистење на ѓубре, во која учество ќе земат вработените од државните институции.  Решивме да се приклучиме на акциите кои ги организира грѓанската иницијатива "Не биди ѓубре", наместо класично да работиме во сабота“, рече министерот Манчевски.

 

Вкупен број од 40.000 луѓе, на 14. декември ќе чистат на 20 локации во градот.

 

Локациите се следни:  Сарај – Треска, Аквадуктот – Каналот, СЦ Борис Трајковски, Кале, Музеј на современа уметност, Касарна Илинден, Јужен Булевар, Бихачка, Државно училиште за физичка култура – М.М Брицо, железничка и автобуска станица, улица Џон Кенеди, Собрание, улица Македонија, МКЦ и МРТВ, касарна Гоце Делчев , ул. Ферид Бајрам, ул. Александар Урдаревски, Европска Очна Болница – Јурија, ул. Индустриска и Кеј на река Вардар.

 

„За успешно спроведување на акцијата, на секоја од локациите одговорни ќе бидат самите раководители, односно премиерот, министрите, градоначалниците и директорите. Дополнително, секаде каде што е потребно, обезбедена е и соодветна механизација од претпријатијата на Градот Скопје. До локациите каде што е потребен превоз, истиот е обезбеден од ЈСП, а за сите вклучени во акцијата обезбедена е и соодветна опрема, како ракавици, ќеси (за отпад и пластика), како и маски за одредени локации“, информираше министерот Манчевски.

 

Министерот воедно им се заблагодари на сите донатори кои ја поддржаа акцијата: Канцеларијата на ЕУ во Скопје и амбасадорот Жбогар, Др.Пановски, Еурофарм,  Отпад, Швајцарска амбасада, Пакомак, Зегин, Еуро ЕКО пак, ЕКОН- Електрон, Eco packing, ЕЛ-Колект.

 

На пресот се обрати и Ирена Ристиќ, која потсети дека здружението „Не биди ѓубре“ постои една година и половина и изрази огромно задоволство што во сабота, оваа активност во ист момент ќе ја спроведат 40 илјади луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.