Прогресивното ширење на африканската чума кај свињите сериозна закана за безбедноста на храната

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов учествуваше на отворањето на 85тата Зелена недела која се одржува од 17 до 26 јануари 2020 година во Берлин, под покровителство на Европската комисија – Директорат за здравје и безбедност на храна (DG SANTE).

 

Тема на меѓународна конференција од високо ниво е „Иднината на глобалното производство на свинско месо под закана од африканската чума кај свињите”.

 

Прогресивното ширење на африканската чума кај свињите (АЧС) ширум светот наметнува преземање глобални активности, па дури и поефикасна соработка и комуникација помеѓу сите релевантни чинители во областа на ветеринарната политика и безбедноста на храната. Иднината на глобалното производство на свинско месо, а со тоа и безбедноста на храната е под закана од ова заболување.

 

Целта на овој настан е да се поттикнат координирани глобални активности за намалување на влијанието на АЧС врз производството на свинско месо и меѓународната трговија. Конференцијата ја отвори Стела Киријакидес, комесар за здравство и безбедност на храната и Јулија Кликнер, федерална министерка за храна и земјоделство на Германија. Свое обраќање имаа и Моник Елоит, директорка на Светската организација за здравствена заштита на животните и Марија Вучкович, министерка за агрикултура на Хрватска.

 

Покрај министрите на земјите членки на Европската унија и на третите земји, на конференцијата присуствуваа и релевантните меѓународни организации. Главен фокус на панел дискусијата беше меѓународната соработка и размена на информации во борвата против АЧС со цел подобро справување со болеста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.