Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која дел од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се спасија од кривичен прогон. Одлуката ја донесе Уставиот суд, откако судиите ја изласаа одлуката со мнозинство гласови.

 

Судиите имаа спротиставени мислења, дел од нив сметаа дека не смее да се дозволи Собранието да му даде право на судот да одлучува некој да добие амнестија, а друг да не биде амнестиран. Останатите пак, твдеа дека не можат да олучуваат дали Собранието има право да го донесе законот.

 

Претседателот на Уствниот суд, Сали Мурати посочи дека никогаш нема да поддржи амнестии кои ѝ штетат на државата, потенцирајќи дека со законот не се дисциплинираат сторителите на кривични дела при упадот во Собранието. Неговиот колега, судијата Насер Ајдари беше дециден дека судот не може да одлучува дали Собранието има право да го донесе законот.

 

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина е поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, додека иницијативата за членот 2 од истиот закон е поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.