Бојан Јовановски: Не си играјте со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и пет пати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не си играјте со мојот живот, изјави денеска пред судот Бојан Јовановски, првообвинет за случајот „Рекет“.

 

Тој вели дека за неговата состојба се потребни посебни хигиенско диететски услови кои ги нема во истражниот затвор во Шутка.

 

Судијката на ова рече дека постапуваат по неговото барање и дека ќе биде одобрено на 4 февруари да изврши интервентен зафат.

 

Неговиот адвокат Сашо Дукоски вели дека тој зафат не е примарен колку што е примарно неговиот клиент да престојува во посебни хигиенски услови.

 

„Доколку нешто му се случи, ќе има многу виновници и пријави“, рече Дукоски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.