СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус кој се шири од Кина.

 

Доколку тоа се случи, ќе биде шести пат да се прогласи вонредна ситуација на меѓународно ниво во последната деценија, објави синоќа „Ројтерс“.

 

„Оваа одлука ја сфаќам исклучително сериозно“, рече директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејисус.

 

Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од корона вирусусот во Кина се зголеми на 17, со потврдени 571 случаи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.