Рахиќ: Боки само прави драма, немало никаков напад при неговото спорведување во судот

Затворските службеници не го нападнале Бојан Јовановски при спроводот во судот и покрај неговото објаснување дека доцни оти бил нападнат.

 

Директорот на КПУ „Затвор Скопје“, Есад Рахиќ вели дека Јовановски не дозволувал да му стават лисици на рацете кога службениците, постапувајќи по правила на службата, требало да го спроведат во судот.

 

„Прави драма, нема напад. Службениците не смеат глас да кренат на него, а не па нешто друго да направат“, изјави директорот на затворот.

 

Бојан Јовановски познат на јавноста како Боки 13 на денешното судење задоцни дваесет минути, а кога се појави рече дека причина за доцнењето бил нападот од службениците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.