СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе државата и својата партија во долгови

„ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија, која 11 години ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните.За време на режимот на Никола Груевски, шефот на Мицкоски, бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година“, соопшти СДСМ.

Според партијата, во истиот тој период, додека граѓаните осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен бел дворец, симбол на нивниот криминал и корупција, а сега опозициската партија има долг од 8 милиони евра.

„Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?! Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат нечесни и недомаќини кои не можат да ја менаџираат сопствената партија повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.На 12 април граѓаните ќе порачаат: режим никогаш повеќе“, се додава во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.