Димитров со европратениците Чолош и Ќучук: Со посетата испратен е сигнал за поддршка за преговорите со ЕУ

Министерот Димитров се заблагодари за интензивната поддршка на Европскиот парламент во изминатиот период во однос на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и добивањето на заслужената одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.

 

Информираше за последните внатрешно-политички случувања во земјата, во пресрет на предвремените парламентарни избори и за последните остварени реформски активности. Ја истакна важноста од позитивниот исход на мартовскиот состанок на Европскиот совет, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион.

 

„Благодараност за посетата во овој клучен период со што се испраќа сигнал за поддршка за отворањето на пристапните преговори со ЕУ, препознавајќи го значењето на моментот како и сè она што земјата го стори на патот кон ЕУ“, рече Димитров.

 

Претседателот Чолош на Димитров му ја презентираше усвоената политика на пратеничката група во ЕП „Обнова на Европа“ во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења и околу можноста за вклученост на Регионот во рамки на Конференцијата „Иднината на Европа“.

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се сретна со европратениците од политичката група „Обнова на Европа“ - Дачијан Чолош (Романија, претседавач со групата во ЕП) и Илхан Ќучук (Бугарија, известител за Северна Македонија и член на АФЕТ).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.