СДСМ и Беса заедно на изборите

 Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април.

 

Како што беше кажано на свеченоста за потпишувањето на овој документ,  двете партии ќе настапат со заедничка инклузивна предизборна програма.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето Беса, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.