Се тестира од коронавирус патник вратен од Италија пред една недела

 

Утрово патник кој од Италија кој се вратил во Струмица на 22 февруари пријавил дека има покачена температура.

Земен е материјал за анализа и резултатите од тестот за коронавирус се очекуваат во текот на денот, рече министерот Венко Филипче.

„Патникот имал покачена температура, нешто над 37 степени“, рече министерот Филипче.

Двајца бугарски државнјани кои работат во битолска фирма во земјава пријавиле дека биле во северна Италија но не дале податок дали биле во директен контакт со заболени.

„Дадени им се совети да бидат дома, а оставени им се и телефоните на кои треба да се јават доколку почувствуваат симптоми за да не се движат по институциите“, рече министерот Филипче.

Единствената пациентка заболена од коронависрус сметена во одделот за изолација на Инфективната клиника е во стабилна состојба без знаци ан комликации и влегува во фаза на опоравување, а министеот вели дека „добро оди’ и системот за изолација на луѓето со кои таа била во контакт.

Министерот Филипче дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција на вирусот во пресрет на карневалите во Струмица и во Прилеп, мерка која била договорена доцна синоѓа на состанок со Центарот за урпавување со кризи.

„Денес Влдата ќе има седница специјално за оваа точка. По седницата ќе информираме за одлуката“, рече Филипче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.