Филипче: Во Италија нема наши државјани заразени со коронавирус

Нема македонски државјани заразени со коронавирус во регионот на северна Италија, соопшти во изјава за медиумите министерот за здравство, Венко Филипче.

 

Тој посачи дека утринава разговарал со конзулот кој го информирал дека нема податоци за заболени наши државјани, ниту пак за наши државјани кои се во карантин.

 

Филипче претходно денеска истакна дека единствената пациентка којашто е позитивна на коронавирус во земјава е во добра општа здравствена состојба и се лекува на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.