Филипче: Сите нови пациенти биле во контакт со претходно заболени

Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека сите пациенти кои се заболени од коронавирус во земјава биле во контакт со претходно заболен или носител на вирусот во инкубација.

 

„Засега сите информации што ги имаме за сите пациенти укажуваат дека имале контакт со заболено лице или лице кое не било заболено, но, било носител во фаза на инкубација. Во нашата земја нема регистрирано таканаречено автохтоно жариште. За сите има податок дека биле во контакт со некој заболен“, рече  Филипче.

 

Просечната возраст на новите случаи е четириесеттина години.

 

Новите случаи кои биле тестирани во болницата „Жан Митрев“ се поврзани со веќе постојни пациенти кај нас или се луѓе дојдени од ризични региони или биле во контакт со заболени од други земји.

 

Досега се потврдени 70 случаи на коронавирус во земјава. Првиот случај беше потврден на 26 февруари. Првозаразената пациентка, која допатува од Италија, е излекувана и во понеделникот беше пуштена на домашно лекување. Една пациентка е во критична состојба.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.