За време на викендите се забранува движење од 16 до 5 часот

Како што објави техничкиот министер, Оливер Спасовски, на „Фејсбук“, за време на викенд (сабота и недела) се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5 часот.

 

Според одлуката, сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и со работа да завршуваат најдоцна до 15 часот.

 

Како што посочува Спасовски, оваа мерка ќе важи заедно со сите други претходно донесени забрани.

 

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата изнесува 177 лица, од кои еден е излекуван, но досега има и три смртни случаи.

Со цел уште поголема заштита од ширењето на коронавирусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.

Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.