СДСМ: Време е ВМРО-ДПМНЕ да покаже зрелост и да помага наместо да одмага

Додека државата се бори против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ тера партиска кампања базирана на лажни вести и измислици, реагира СДСМ на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која тврди дека власта ја користи ситуацијата со коронавирусот за профитирање.

„Додека државата и надлежните институции вложуваат натчовечки напори да се изборат против коронавирусот, ВМРО ДПМНЕ засилено тера кампања ширејќи лажни вести и измислици. Како да не им се доста нарачаните лажни вести коишто ги шират медиумите под нивна контрола, ВМРО ДПМНЕ лично и се придружи на екипата "лажни вести", па своите манипулации ги шират и преку официјални прес конференции, изјави, и статуси на социјалните мрежи.

Ниту шлаканицата којашто ја добија од ООН кои јавно ги демантираа лажните вести на Александар Николовски и ВМРО-ДПМНЕ не ги спречи да продолжат да се однесуват неодговорно и да работат на штета на државата.

Обидувајќи се да го минимизираат успехот на нашата земја, изминатите два дена ги таргетираа двете министерства клучни во макорпната работа за нашата земја да стане членка на НАТО и да добие датум за почеток на приспапни преговори во ЕУ.

Откако увидоа дека лагата со патување на министрите за одбрана и надворешни работи во време на пандемијата и затворен аеродром не им проаѓа, наместо да запрат, искористија други конструкции.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека владата предводена од СДСМ сите трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани.

Владината алатка за отчетност и транспарентност, ќе им покаже и дека министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска за две и пол години, потрошила 6 пати помалку нивниот за одбрана, Зоран Јолевски за ист толкав период.

Чиста лага се тврдењата на ВМРО и дека во период на криза, меѓу 17 и 20 март МНР потрошило нешто помалку од 24 илјади за патувања во странство. Министерот за надворешни работи Никола Димитров во месец март немал ниту едно патување, а последното патување на дипломат од МНР во странство било на 3 март.

Приказот од трезорот со којшто манипулира ВМРО ДПМНЕ и свесно конструира лага се однесува на претходно реализирани авио карти на дипломати од МНР во износ помал од 1.500 евра (91.060 денари) и на редовна месечна дознака за патни трошоци на нашите амбасади низ светот, на сите 57 дипломатско-конзуларни претставништва на Северна Македонија во износ од приближно 22.000 евра (1.366.457 денари) односно нешто под 400 евра по ДКП.

Станува збор за редовна активност и токму затоа згрозува фактот дека се злоупотребува од луѓе кои разбираат, кои точно знаат за што се работи, но сепак одлучиле да манипулираат и да лажат и тоа во време кога МНР е една од клучните алки во борбата против коронавирусот.

Во момент кога татковината се зачленува во НАТО, кога ЕУ одлучи да започне пристапни преговори ВМРО-ДПМНЕ не најде време, ниту пак виде потреба да му честита барем на народот за двете големи достигнувања.

Нпротив, ВМРО ДПМНЕ реши да се затвори во белиот дворец и оттаму да смислува деструктивни сценарија во време кога државата води беспоштедна битка против невидливиот непријател кој е закана за сите нас.

Време е да се покаже зрелост, лажните вести да прекинат, а институциите да се остават да делуваат во овој тежок период.

Крајно време е и ВМРО-ДПМНЕ да се престрои на страната на граѓаните и да придонесе колку може, да помага, наместо да одмага“, наведува СДСМ во реакцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.