Поголем дел од патничките возови нема да сообраќаат за време на викендите

Поголем дел од патничките возови нема да сообраќаат во деновите за викенд (сабота и недела), информира Железници на Република Северна Македонија.

Измената во возниот ред следи по владината одлука со која ограниченото движење во деновите на викендот ќе започнува во 16 часот и ќе трае до 5 часот следниот ден.

Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23 март.

„Исто така ги известуваме патниците дека во понеделник 30.03.2020 година, возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час“, информираат од Железници.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.