Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), Битола (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 241 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје- 143, Дебар – 45 од кои 2 починати, Куманово – 20 од кои 1 починат, Штип - 8, Прилеп - 8, Тетово- 4, Охрид- 3, Велес - 3, Струга – 3, Кавадарци - 2, Гостивар - 1, Битола – 1.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.