Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, позитивни на коронавирус се и двајца пациенти од тоа одделение, а денеска биле тестирани уште 16 пациенти хоспитализирани во Заводот.

„Сите пациенти на кои ќе им биде потребна ваква форма на терапија ќе се упатуваат во болницата '8 Септември'“, додаде министерот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.