Хирургот Горан Балевски е нов директор на охридската болница

Нов директор на охридската болница е хирургот Горан Балевски, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој доаѓа на местото на Славица Малеска која министерот Филипче ја разреши поради случајот со пациентката која во саботата почина од коронавирус, а не била примена во болницата и покрај упатот од матичниот лекар. Вонредниот инспекциски надзор во болницата завршил, а во тек се анализи на добиените информации.

„Се анализираат сите добиени информации околу третманот на пациентката од околината на Струга. Се анализираат документи од матичниот лекар, понатаму од болницата, интервјуата со доктори, има пропусти, но ќе почекаме да се финализира истрагата. Став ќе изградиме по заклучокот од инспекцијата, став по заклучокот од“, рече министерот Филипче.

И директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Иринка Сотирова – Бухова денес извести дека се утврдени прекршувања од здравствените работници кои биле на дежурство кога била донесена пациентката од околината на Струга.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.