Граѓаните за викенд ќе може да ги шетаат кучињата од 20 до 20.30 часот

Граѓаните ќе можат за време на викендите да ги шетаат кучињата половина час од 20 до 20:30 часот, одлучи Владата.Тие нема да смеат да се оддалечат од живеалиштето повеќе од 100 метри и да се групираат со други лица. Владината одлука ја соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски на Твитер.

На денешната седница донесовме измени на уредбата за ограничено движење за да им се излезе во пресрет на домашните миленици - за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, без групирање.

— Oliver Spasovski (@o_spasovski) March 30, 2020

Одлуката следува по низата реакции од сопствениците на кучиња, невладините организации и Ветеринарната комора.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.