Студен воздушен бран во земјава - пониски температури, снег и дожд во наредните денови

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 7 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран в среда ќе има врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), а на планините снег. Поради заладувањето и спуштање на дневните температури од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка. В четврток и петок ќе настапи стабилизирање на времето, но минималните температури во поголемиот дел од земјава ќе бидат под нулата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.