Слепите, лицата во инвалидска количка и тие со попреченост се ослободуваат од работа

Владата на седница донесе одлука лицата кои одат на работа со придружба, како потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.

Оваа одлука следува по барање на Министерството за труд и социјална политика, а особено се однесува на сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции.

Владата исто така им препорачува на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините, овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста да доаѓаат на работа.

Истата мерка Владата препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.