„Левица“: Мерката за ослободување од работа да опфаќа и родител на дете помало од 10 години кое не оди на училиште

Откако добивме повеќе пријави дека родители со деца под 10 годишна возраст (кои не посетуваат градинка) не можат да бидат ослободени од работни активности, денес поднесовме официјално Барање до Владата и Министерството за труд и социјална политика, соопшти „Левица“.

„Побаравме дополнување и изменување на мерката усвоена на XVI-та седница на Влада, односно мерката за ослободување да опфаќа и еден од родителите чиишто деца се малолетни до 10 годишна возраст, но не посетуваат никаква образовна установа. За овие родители, услов за користење на мерката е доставување на извод од родените на своето дете. Овој заклучок се однесува и на самохраните родители“ велат од партијата.

Од „Левица“ сметаат дека претходно дефинираната мерка е ограничувачка и го отежнува функционирањето на родителите во вонредна ситуација, кога образовните институции се затворени, затоа апелираат надлежните институции што побрзо да ја отстранат воочената неправилност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.