Здравствените работници максимално да се заштитат себеси и сите околу себе
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Април 2020
На седумнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, посебно внимание беше посветено на заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето во пандемијата.
Едногласно преовлада заклучокот дека заштитата на здравствените работници, кои деноноќно работат на заштита на нашите граѓани и се на првата линија во борбата со коронавирусот е приоритет.
Министерството за здравство од почетокот на кризата воведе протоколи за заштита за здравствените работници, тоа се протоколите за заштита на различни нивоа и степени, со детални објаснувања кој протокол каде се користи. Од состанокот на Главниот координативен кризен штаб произлезе апелот до сите здравствени работници, да ја носат опремата, да се заштитат себеси и сите околу себе.
На состанокот беше препорачано Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) да продолжи интензивно со контроли и санкционирање на непочитување на мерките од страна на здравствени работници кои не се придржуваат до протоколите за работа.
На состанокот беше заклучено да им се препорача на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс