Казни за 30 лица кои за време на полицискиот час се шетале низ Скопје

Скопското обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје достави 28 предлози за издавање казни со кои се опфатени вкупно 30 лица, обвинети за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.

Надлежните јавни обвинители му предложија на судот на обвинетите да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.