Пендаровски во Лабораторијата за вирусологија изрази благодарност за пожртвуваноста на докторите

Претседателот Стево Пендаровски ја посети Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје.

 

За време на посетата претседателот беше запознаен со работата на лабораторијата, во која се вршат испитувања за присуство на вирусот Ковид-19.

 

Пендаровски им оддаде признание за макотрпната работа на докторите и медицинско-техничкиот персонал, кои, како што кажа, по појавата на вирусот работат со засилено темпо и се изложени на висок ризик во својата работа и им честиташе за тимската и пожртвувана работа.

 

„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за сè ова што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно и како тим и како семејство“, им порача претседателот Пендаровски на вработените.

 

Вработените во lабораторијата, поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.

 

За време на посетата претседателот повика и на доследно почитување на препораките од надлежните институции со цел справување со последиците од ширењето на коронавирусот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.