Потврдени 49 нови случаи на Ковид -19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19 ( Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1).

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

Скопје – 297

Куманово - 182

Дебар – 49

Штип-27

Прилеп –58

Тетово – 31

Струга – 33

Велес – 24

Битола –8

Охрид –4

Кавадарци - 3

Гостивар –7

Гевглелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-3

Радовиш - 4

Крушево – 3

Кочани – 20

Пробиштип - 1

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку ИЈЗ се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76г.)

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче нема да одржи прес-конференција денеска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.