Регистрирани 68 нови случаи на коронавирус, најмногу од заразените се од Куманово

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19.

Најмногу од новозаразените се од Куманово, вкупно 18, по што следат Скопје – 15, Прилеп - 14, Тетово - 2, Струга - 10, Велес - 6 и по еден заразен во Битола, Гостивар и Кочани.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 828 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на инфекција се регистрирани во:

Скопје - 312

Куманово - 200

Дебар - 49

Штип - 27

Прилеп - 72

Тетово - 33

Струга - 43

Велес - 30

Битола - 9

Охрид - 4

Кавадарци - 3

Гостивар - 8

Гевглелија - 4

Струмица - 2

Крива Паланка- 3

Радовиш - 4

Крушево - 3

Кочани - 21

Пробиштип - 1

Од министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега во земјата се направени вкупно 8.057 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се примени двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а 8 на респираторна машина.

Во „8 Септември“, примени се 9 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 6 пациенти. Пациентите се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат 8 пациенти со лесна клиничка слика.

Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.