Први со работа ќе започнат едукативните институции и оние кои работат со шалтерски систем

Ако трендот и во текот на утрешниот ден покажува намалување на бројот на новозаразени, како што беше во последниве две недели, ќе биде препорачано отворање на институциите, но постепено, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

 

Тој рече дека први кои би почнале да функционираат би биле оние кои организираат едукации, курсеви, како и автошколите. Освен тоа, приоритет ќе бидат и сите оние кои можат да воспостават шалтерски систем на функционирање, односно таму каде што може да се дозволи воспоставувањето ред, физичка дистанца и носење маски. Во овој дел влегуваат и обложувалниците.

 

Во однос на спортовите, пак, министерот за здравство рече дека прво се размислува да се дозволат индивидуалните спортови.

 

„Сите овие предлози ќе се разгледуваат утре и ќе бидат предложени до Централниот штаб на Владата, па доколку бидат усвоени, ќе излеземе со повеќе детали“, рече Филипче.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.