Заев: Избори треба да има 22 дена по укинувањето на вонредната состојба

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, рече дека за време на разговорите биле проектирани одредени датуми за одржување на парламентарните избори, во зависност од тоа дали и за колку време би се продолжила вонредната состојба.

 

Тој додава дека сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.

 

„На средбата понудивме неколку датуми. Сметаме дека најдобро е изборите да се одржат на 14 јуни. Во моментов немаме парламент, немаме политичка влада да носи одговорност. Според сите мислења и на домашни и на светски експерти, со коронавирусот ќе мора да научиме да живееме. На есен е можен нов пик. Затоа останува да се консултираме со Државната изборна комисија за времето потребно за спроведување на изборите, како и со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за испраќање на набљудувачи“, рече тој.

 

Според Заев, претседателот на државата треба да одржи состанок со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) за точните термини проектирани за потенцијален датум за избори.

 

Лидерот на СДСМ истакна дека опозицијата денеска не била спремна да разговара за датум и дека купува време, но верува дека на почетокот на наредната недела би можел да биде постигнат договор за датум за избори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.