Започнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот

Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусот. Овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа.

Согласно ова, Владата на вчерашната седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.

Во одлуката се наведува дека заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за КОВИД-19, за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата. Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.