Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј

Во пресрет на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, делегација од Кабинетот на претседателот на државата, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Делегацијата ја предводеше генералниот секретар Миле Бошњаковски, а дел од неа беа и Билјана Радева, заменик генерален секретар и портпарол и доктор Александар Љ. Спасов, советник за надворешна и внатрешна политика на претседателот.

Од претседателскиот кабинет информираат дека поради пандемијата на Ковид-19, посетата на Рим и Ватикан и чествувањето на Св. Кирил и Методиј е поместено за втората половина на 2020 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.