За прошетка на домашните миленици остануваат истите термини и во текот на продолжениот полициски час

Владата синоќа донесе одлука полицискиот час овој викенд и за време на празниците Бајрам и Свети Кирил и Методиј да трае од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 5 часот наутро.

Од таму сега ги потсетуваат граѓаните дека времето за прошетки на милениците останува во востановените термини.

За време на полицискиот час, граѓаните своите миленичиња ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.